05.05.2019 08:12

Ви опаѓа продуктивноста? Искоренете ги овие 4 навики!


Постојат лоши навики, кои можеби не му штетат на вашето здравје, па ги сметаме за лоши, но штетат на нашата продуквитност и не прават деконцентрирани, па ни е тешко да ги држиме сите конци во рацете, кога нашиот деловен живот е во прашање. За да ја подобрите продуктивноста, мора да се откажете од следните навики.

1. Не знаете да кажете „не“

loading...

Постојат работи кои не сакате да ги правите во приватниот или деловен живот, но и натаму ги профаќате, затоа што се плашите дека ќе повредите некого ако одбиете. Ваша задача е да научите да кажете не на суптилен начин, кој никого нема да увреди или повреди, но не изложувајте се себе си на беспотребни обврски кои не ви одговараат.

2. Тешко се носите со стресот

Кога работите и имате семејство, сосема е нормално од време на време да сте во хаос, но тогаш никако не смеете да дозволите стресот да ве достигне и да паднете во депресија, затоа што единствено е на вас тој стрес да го средите. Продуктивната личност не дозволува обврските да ја демотивираат, туку храбро го чисти својот неред.

3. Не сте усвоиле здрави навики

Вашето здравје и физичко и ментално, е предуслов за вашата продуктивност. Затоа многу е важно својот живот да го збогатите со неколку здрави навики, меѓу кои на прво место е времето кое ќе го издвоите за себе ис воите мисли, а со тоа, се трудите да јадете поздрава храна, да се движите и доволно да спиете. Не дозволувајте вашиот приватен живот да пати, посветете се на семејството и пријателите и секогаш пред себе поставувајте реални цели.

4. Опкружени сте со токсични луѓе

loading...

Токсичните луѓе, кои немаат слух за вас и константно ве критикуваат директно влијаат на вашата продуктивност. Доколку се жалите да успеете, најдете начин таквите луѓе да ги ставите на „офф“.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments