Ветровито и посвежо, од утре стабилизација

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта и утринава времето беше облачно со повремен слаб снег на планините и понекаде на повисоките места.

Loading...

На пониските места имаше слаб дожд. Дуваше слаб до умерен северен ветер.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, претпладне времето ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови облачноста ќе се намали.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието.

Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди.

Ќе дува засилен северен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне 7 степени.

Во текот на ноќта истата ќе се спушти на 4 степени под нулата.

Loading...

Утре, според accuweather, ќе имаме потопло време, со повеќе сончеви периоди и максимална температура која ќе достигне 14 степени целзиусови.

Никола Ивановски

Leave a Reply