Ветото не е по наша вина, се надеваме штетата што ја предизвика бргу да биде надмината, вели Заев

Сподели со своите пријатели

Во изминатите сто дена едно од прашањата на кое секојдневно беше посветена оваа Влада беше изнаоѓањето решенија за прашањата што ги постави Бугарија како пречка пред конечна согласност за одржувањето на Правта меѓувладина конференција за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ, рече ремиерот Заев во своето обрачање по повод 100 дена Влада..

Loading...

-Оваа Влада, ниту нашата држава ниту нашиот народ немаме ни најмала вина за оваа ситуација. Ние застанавме цврсто на ставот дека македонскиот национален идентитет едноставно е невозможно да биде предмет на преговори, дека ние не можеме и никогаш нема да се откажеме од нашето право на самоопределување кое е гарантирано со Повелбата на ОН и со сите други меѓунадорни договори и конвезнции кои ги има потпишано дури и Р Бугарија. Се надеваме дека штетата што е предизвикана од ова неоправдано вето за европските интергации на регионот и за европските вредности ќе се надомести бргу, рече Заев.

Владата на Северна Македонија, додаде, нема да дозволи неуспехот на патот кон ЕУ со неодобрување на преговарачката рамка да предизвика застој на внатрешните реформи.

-Напротив ќе го засилиме темпото и ќе ја зголемиме предноста што ја имаме во регионот. Сега со уште повеќе верба посветеност и единство ќе се посвететиме на градењето евроспски стандареди дома, а паралелно и целосно осветени на продолжување на разговорите со соседна Бугарија. Ние знаеме дека решенија се можни, знаат и тие. Без разлика на исходот од преговорите ние остануваме заедно во директно партнерство со огромното мнозинство европски земји и ќе го донесеме најдоброто од секоја од нив во С Македонија. Европа ја носиме дома, рече Заев.

Во обраќањето тој се осврна и на позитивниот извештај од ЕК, во кој се истакнува дека Владата ја започнала трансформацијата на земјата по европски терк обезбедувајќи правда за сите пред законот . Меѓу другото се заблагодари за помошта од НАТО и ЕУ хуманитарна и финансиска во справувањето со Ковид-кризата.

Во однос на регионалната соработка, тој ја спомна и успешнатат организација и реализиција на Лидерскиот самит во рамки на Берлиснкиот процес заедно со Р Бугарија на кој беше потпишана декларација за заедничи регионален пазар за подлабока економска региопнална инетеграција и декларацијата за зелената агенда, а чија реализиација ќе биде поддржана од Економскиот и инвестициски план на ЕУ во вредност од 9 милијарди евра.

На меѓународен план премиертот Заев го издвои признанието кое, рече, и е одадено на земјата со доделувањето на претседавањето со ОБСЕ во 2023 година.

-Оваа одлука претставува и огромно признание за нашата Влада за улогата која ја имаше во измибатите три години во градењето мостови на соработка на регионално ниво како и враќањето на меѓународна сцена после долги години на изолација, рече Заев.

Loading...

Виолета Геров

Leave a Reply