Ветерот за утре ќе ни донесе нови врнежи од дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб локален дожд, особено во западните делови на земјата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер,  кој долж Повардарието повремено ќе засилува.  Максималната дненвна температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Што се однесува до Куманово и околината за денеска метеоролозите најавуваат сончево до умерено облачно време со услови за краткотрајни и слаби врнежи од дожд во текот на попладневните часови. Ќе дува северен и северозападен ветер со умерен интензитет. Максималната дневна температура ќе се искачи до 12-от степен, додека во текот на ноќта истата ќе се спушти на нула.

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи се очекуваат во четврток, кога кон крајот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе има опаѓање на температурата за неколку степени. Во западните делови на планините врнежите ќе поминуваат во снег.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.