Ветeрот од 100 км/h во кумановско ќе го заменат температури над 40 степени

Сподели со своите пријатели

Според извештајот на УХМР, во недела доцна попладне, низ северозападниот и северниот дел од Македонија помина ладен фронтален систем кој беше проследен со локални врнежи од дожд, силни електрични празнења и силен ветер кој наместа достигнуваше до 100 км на час.

Loading...

Фронталниот систем според синоптичарите бележел тенденција на повлекување од северозапад кон југоисток со постепено намалување на јачината.

На мерните места не се забележани наврнати големи количини на воден талог, а во северните делови наместа наврнаа по 1 литар на м2 воден талог.

Во текот на понеделник ќе настапи постепено стабилизирање на времето, но во источните делови сè уште е можна изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

До петок следува стабилно суво и многу топло време, температури на повеќе места над 35, а долж Повардарието и над 40 степени.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.