Ветерот ја урна елката пред Белата куќа

Сподели со своите пријатели

Силните ветрови ја урнаа националната новогодишна елка пред Белата куќа пред традиционалната годишна церемонија на осветлување, соопшти американската служба за национални паркови.

Loading...

Дрвото, кое паднало во вторникот околу 13 часот по локално време, било вратено во исправена положба до 18 часот откако, како што изјавила портпаролката на оваа служба, „искршениот кабел бил заменет“, пренесува АП.

Смреката висока 40 метри била засадена пред две недели откако претходното дрво развило „габична болест“ поради која нејзините игли станале кафени и паднале.

Осветлувањето на елката требаше да биде запалено утре, но засега од Белата куќа нема индикации дали осветлувањето ќе доцни поради овој инцидент.