Ветеран од Втората светска војна почина на 113. години

Сподели со своите пријатели

Ричард Овертон, најстариот американски ветеран од Втората светска војна и најверојатно најстариот маж во САД, почина во Тексас на 113-годишна возраст.

Loading...

Овертон починал во четврток во центарот за рехабилитација во Остин, соопшти неговото семејство.

Ришард Овертон бил хоспитализиран поради воспаление на белите дробови, но пуштен дома за Бадник.

Имал околу 30 години кога доброволно се пријавил во војска. Бил во Перл Харбур по јапонскиот напад во 1941 година.

Во една прилика рекол дека една од тајните на неговата долговечност е пушењето цигари и пиењето виски, пренесува АП.

Неговите родендени во последните години привлекуваа големо внимание на јавноста.

Loading...

Дури и кога преминал стотка, Овертон возел вдовици до локалната црква.

Овертон е роден на 11 мај 1906 година во близина на Остин.

Leave a Reply