Ветер урна дел од бина на фестивал во Шпанија, 40 повредени, еден загинат

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина, а најмалку 40 се повредени при уривање на дел од бината за време на музичкиот фестивал „Медуза“ во шпанскиот град Кулера поради силниот ветер, соопшти Службата за итна помош.

Loading...

Несреќата се случила во раните утрински часови на шестдневниот фестивал, кој се одржува во Кулера, јужно од Валенсија.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД дополнително го ограничуваат извозот на чипови во Кина

 

Организаторите најавија дека фестивалот е прекинат поради влошување на временските услови и со цел да се гарантира безбедноста на сите присутни, работници и уметници.

„Како мерка на претпазливост, местото на одржување на фестивалот е евакуирано“, се додава во соопштението.

 

Loading...