Весникот „Ало“: Мијалков го направи хаосот во Куманово

Сподели со своите пријатели

Откако Сашо Мијалков, поранешениот директор на ДБК, беше приведен на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ со пиштол, српските медиуми не престануваат да пишуваат за овој настан. Последен во низата наслови е на весникот „Ало“, каде се пишува дека освен пиштолот кај Мијалков биле пронајдени дополнителна муниција, но и хирушки ракавици.

Loading...

Освен за овој скандал тие пишуваат и за акцијата во Диво Насеље и поврзаноста на Мијалков со „терористичкиот напад“.

Новинарот на српскиот весник наведува и извори од српските бебзедносни служби кои велат дека имаат сознанија дека Сашо мијалков е еден од главните режисери на мајските нереди во Куманово, а целта на нападот бил да се предизвика меѓуетнички инцидент кој македонската влада би ја заштитил од позицијата, која на 17-ти мај припремаше митинг и оборување на власта. На крајот лошо контролираниот неред прерасна во вистински терористички напад.

Според сомневањата на српските безбедносни служби, Мијалков има директна врска со организаторите на мајскиот напад во Куманово, Мирсад Ндрецај или командант Нато, кој тогаш прв уби македонски полицаец. Се сомнева дека во таа прилика Ндрецај, по налог на Мијалков е изведен од обручот и префрлен на Косово.

Во продолжение ви го пренесуваме целосно останатиот дел од текстот кој го објави весникот.

Кај Сашо Мијалков, најмоќниот Македонец, кој минатата недела беше уапсен на белградскиот аеродром, освен пиштолот „берета“, пронајдени се и хирушки ракавици и додатна рамка со муниција, што укажува на тоа дека не ја кажува вистината кога на српската полиција и рекол дека оружјето „случајно“ го заборавил во багажот.

Министерството за внатрешни работи на Македонија молеше Мијалков да биде веднаш ослободен, без дополнителни прашања и проверки. Српските колеги беа љубезни да излезат во пресрет на овие барања, но тука се замеша обвинителството, кое не дозволи истото да се случи без процедура која е предвидена во такви случаи. По краткото задржување, сепак му беше овозможено да оди по својот пат – тврди изворот на кој се повикува весникот „Ало“.

Инаку, Мијалков кој е поврзан со највлијателните политичари, но и криминалци во Албанија и регионот, според изворите на „Ало“ за еден од најголемите непријатели го смета новинарот Зоран Божиновски, кој моментално се наоѓа во Нови Сад и е близок со одредени српски политичари.

Против Божиновски се води потерница поради наводно одавање на државни тајни и моментално Србија го разгледува барањето за негово екстрадирање. Според изворите на „Ало“, Мијалков е во контакт со поедини српски криминалци, а постои сомнеж дека метата им е овој новинар.

Loading...

Мијалков едно време се состануваше со одредени припадници на сурчинскиот клан и постојат сомнежи дека преговарале баш за тоа како да го замочат овој нвоинар, кој е незгоден сведок на многу матни игри – открива изворо на „Ало“.

За весникот „Ало“, новинарот Зоран Божиновски, кој инаку е од Куманово, вели дека Мијалков не одел со директен лет од Скопје до загреб, туку преку Белград, затоа што во главниот град на Србија имал состанот со поранешниот директор на македонската царина и еден бугарски бизнисмен.

Темата на состанокот според изјава на Божиновски била доста интересна, а тоа е финансирање на кампањата на една политичка партија на изборите во Хрватска.

Не верувам дека Мијалков повеќе има мотив да ме убие, затоа што се што имав веќе објавив. На покојниот Иво Купановиќ му ги дадов сите податоци за шверцот на цигари кој се одвиваше преку Македонија. Работата на Мијалков сега е да обезбеди „црни пари“ за кампањата во Хрватска, а во неговата екипа е и македонскиот политичар Срѓан Керим, кој се кандидирал да го замени Бан Ки Мун на функцијата Генерален секретар на ООН – тврди Божиновски, кој додава дека Мијалков во Македонија има 17 важечки дозволи за оружје, од кои четири за пушки.

Весникот додава дека Мијалков е еден од најбогатите луѓе во Македониј кој има развиен бизнис во Словачка и Чешка, но и влијанија и врски, но и дека е под мониторинг на странските тајни служби.

Инаку, во текстот стои дека тој често е во Белград, а има такви врски што границата ретко ја преминува со регистриран премин.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.