Вештачко кравјо млеко пристигнува и во Европа

Сподели со своите пријатели

Вештачкото кравјо млеко е производ на кој работат многу компании ширум светот. Се смета за еколошки и ефтин за производство.

Loading...

На полиците на продавниците во САД веќе има прехранбени производи направени од него, а наскоро ќе се најдат во продажба и на европскиот пазар, пишува „Агроклуб“.

Израелскиот старт-ап „Ремилк“ ја гради најголемата фабрика во светот во Данска каде ќе се произведува вакво млеко, а работата започна и во Германија.

Експертите објаснија дека технологијата за правење вештачко кравјо млеко се нарекува прецизна ферментација.

– Со него добиваме точно еден производ. На пример, млечниот протеин, како што е протеинот од сурутка – објаснил за „Агрархојте“ Кубик, сопственик на семејна млекарница на југот на Германија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иднината на чоколадото е неизвесна поради разорен вирус кој брзо се шири

За ова се потребни микроорганизми, како квасец или бактерии, а добрата работа е што микроорганизмите сами се репродуцираат, вели Кубик, објаснувајќи дека потребни се само неколку клетки од квасец или бактерии за да се произведат многу млечни протеини.

За да се развијат се додаваат шеќер, витамини, вода и сол. Процесот се одвива во големи садови од нерѓосувачки челик на температура од 30 до 40 степени целзиусови.

По неколку дена, добиениот млечен протеин се собира, се чисти и се суши во прав.

Loading...

Тој наведува како тоа ги прави стабилни за складирање и лесни за транспорт.

Тие можат дополнително да се обработуваат – да речеме во млеко, јогурт, сирење.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иднината на чоколадото е неизвесна поради разорен вирус кој брзо се шири

Во оваа компанија посочуваат дека најголемата предност е малата потрошувачка на вода и дека првите проценки покажуваат дека микроорганизмите можат да заштедат 90 проценти од водата во однос на конвенционалното производство.

Оваа млекарница има удел во израелскиот „Ремилк“, а нивниот план е на своите клиенти покрај класичниот асортиман на сирења да им понудат и посебна линија на овие иновативни производи.

Тие нема да бидат достапни во Германија пред 2025 година, откри Кубик, но тој верува дека за традиционалните млекарници ваквото млеко може да претставува голема конкуренција.

Долго време е во продажба во Америка

На американскиот пазар веќе можете да ги купите првите млечни производи со протеини од лабораторија: сладолед, млеко, крем сирење, чоколадо и протеински фрапе во повеќе од 5.000 американски супермаркети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иднината на чоколадото е неизвесна поради разорен вирус кој брзо се шири