Вештачката интелигенција која ги замени новинарите доби отказ

Сподели со своите пријатели

Вештачката интелигенција (ВИ)  како замена за отпуштените новинари на Оф Радио Краков „доби отказ“ по само една недела поради реакциите на јавноста, иако три виртуелни аватари на вештачка интелигенција требаше да ја водат програмата за млади три месеци.

Loading...

„Судбината на пионерите не е лесна. Пресметавме дека овој експеримент треба да трае најмногу три месеци. Но, веќе по една недела собравме толку многу забелешки, мислења, предлози што признавме дека нема смисла да продолжиме“, објави главниот уредник на OFF радио Краков, Марцин Пулит.

Реакциите за Ема, Куба и Алекс, водителите на тематските емисии на инаку музичкиот канал на јавното полско радио, наменети за млади, беа главно негативни, меѓу другото, бидејќи радиото претходно ги отпушти новинарите кои ја подготвуваа и беа домаќини на програмата и ги замени со содржина на вештачка интелигенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонија: Рекордно мал број на први бакнежи кај тинејџерите

Скандалот избувна веднаш, кога пред една недела измислено интервју со починатата поетеса, добитничка на Нобеловата награда за литература, Вислава Шимборска за јужнокорејската литература, каде водител беше ВИ, смислуваше што би рекла поетесата, а клониран е и гласот на Шимборска

За само еден ден, 15.000 луѓе потпишаа петиција против ваквото сквернавење на националната културна икона претворена во ликови на Дизниленд и против отпуштањето на новинарите само да биде заменето со вештачка интелигенција.

Новинарот и музички критичар Матеуш Демски, кој беше отпуштен заедно со неговите колеги во август, предупреди дека имало експерименти со влијание врз слушателите со лажна содржина дури и за време на комунистичкиот режим.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонија: Рекордно мал број на први бакнежи кај тинејџерите

„Не знам дали јавните медиуми се вистинското место за експерименти. Не знам дали е легално и морално да се прават експерименти врз луѓе од генерацијата З. Мене ми личат на социјални експерименти од претходната ера кои денес се забранети“, рече Демски.

Петицијата иницирана од Демски е испратена до Националниот совет за радио и телевизија, Етичкиот совет за медиуми и Јавниот заштитник на граѓаните.

Loading...

„Тоа е опасен преседан кој не засега сите нас, не само новинарите. Тоа е отворена врата, а можеби и широко отворена порта, кон свет каде што искусни медиумски работници или луѓе кои работат во креативните области, ќе бидат заменети со машини. Тоа е истовремено и врата за лаги и манипулации“, се вели во петицијата.

Раководството на радиото соопшти дека се враќа на концептот на музичко радио за млади и дека целта на експериментот е постигната, бидејќи се покажало колку области на примена на вештачката интелигенција се нерегулирани, на пример заштитата на слика и дело, препознавање на содржина генерирана од вештачка интелигенција, авторски права.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јапонија: Рекордно мал број на први бакнежи кај тинејџерите

Контроверзниот експеримент беше критикуван и од полската влада, а министерот за дигитализација, Кшиштоф Гавковски, за радиото изјави дека иако лично ја поддржува вештачката интелигенција, верува дека таму ја преминале границата.

„Симбиозата на човекот и вештачката интелигенција треба да биде добро регулирана. Во тоа ќе ни помогне усвојувањето на законот за вештачка интелигенција. И што е најважно. Масовната употреба на вештачката интелигенција мора да работи за луѓето, а не против нив“, порача министерот Гавковски на социјалните мрежи.