Верверичка внимателно го слуша момчето што свири саксофон, си донела и грицки (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Хит Џонс, професор по музика од американската сојузна држава Оклахома, еден ден свирел на саксофон во паркот. Неговата свирка исклучително му се допадна на едно мало животно.

Loading...

Верверицата, која го слушна Џонс како свири, му се приближила многу. Таа држела парче храна во рацете, го слушала и грицкала од својот оброк.

„Секое утро вежбав саксофон во тој парк. Со текот на времето, една верверица стана мој голем обожавател“, напиша Хит во описот на снимката што ја сподели на социјалните мрежи.

Луѓето се воодушевиле од она што го виделе.

„ Има одличен вкус за музика“, „Не можеше да имаш подобра публика“, „Ау, мила“, „Многу слатко видео“, „Дури и грицки донесе“, се само некои од коментарите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како да заштедите струја додека подготвувате храна во рерната?