Версус вечерва го слави четвртиот роденден !

Сподели со своите пријатели

Барот кој никогаш не престанува со изненадувањата и ангажманите на најголемите балкански звезди, вечерва слави роденден. Цели четири години поминаа од како Версус ги отвори своите врати за многубројните посетители, и цели четири години овој локал ги организира најдобрите забави во градот.

Loading...

Вечерашната забава ќе биде специјална, роденденска. За музика задолжен ќе биде нашиот DJ Marco, кој публиката ќе ја разигра со најголемите светски и балкански хитови. Менаџментот на Версус најави и многубројни изненадувања, а освен стандардната понуда на пијалоци, вечерва во барот ќе биде поставен и специјален шанк за коктели, на кој гостите ќе можат да добијат бесплатна пијачка.

Тимот на Кумановски Муабети вечерва ќе се забавува таму, а на Бар Версус им го честитаме роденденот и им посакуваме уште многу успешни сезони.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.