Верниците во текот на молитвата велат „АМИН” : Малкумина знаат што навистина значи тоа!

Сподели со своите пријатели

„Амин“ е збор што се изговара на крајот (понекогаш на почетокот) на секоја христијанска молитва, но постои и во другите религии. Основното, духовно значење на овој поим е „Нека биде така!“ или “Точно е!”

Loading...

Затоа, амин е симбол на согласност и потврда. Овој термин потекнува од хебрејскиот јазик, потекнува од зборот „āmēn“ што значи „цврстина“ или „одлучност“, но на тој јазик се користел и со значење „Така е“, „Нека биде така!“ Всушност, „амин“ кај древните Евреи изразувал желба наместо сигурност. Терминот значеше дека сметавме дека нешто што е кажано е вистина, па може да значи и „Навистина е така“ или едноставно – „Да!“

 

 

Според толкувањето што може да се најде во речникот, има и такви кои веруваат дека херберискиот збор „āmēn“ потекнува од почетоците A (l), ME (leh) и N (eman), што значи „Бог, крал достоен за верување“.

Терминот се користи и во Библијата, а во Апокалипсата е синоним за самиот Исус Христос.

Денес, „амин“ стана симбол на целосна посветеност на христијанската вера, во иста смисла се изговара во синагогите, а го има и во исламот. Во кабалата, тоа е магичен збор.

Loading...

Во преносна смисла, во секојдневниот говор „амин“ може да значи и завршена работа или “Готово!”