13.06.2019 11:11

Венчале жаби и ги испратиле на меден месец, веруваат дека тоа е спас од сушата (ВИДЕО)


Кога времињата се тешки во нешто мора да верувате. Така народот од Удупија, град во Индија, верува дека најдобар начин да се борат со сушата е да одржат церемонија за венчавка на две жаби.

Граѓаните на Тдупија на 8ми јуни организирале Хинда венчавка на две жаби што е традиција позната под името „Mandooka Parinaya“, односно венчавка на жаби.

loading...

НЕВЕРОЈАТНО БИЗАРНО: Ритуал за докажување на невиноста (ВИДЕО)

Учесниците во обредот веруваат дека така ќе ги смират боговите на дождот и дека ќе се спасат од сушата.

Жабите се уловени во едно село и наречени Варуна (бог на водата) и Варша (што значи дожд).

Ова се некои од најстрашните ритуали во светот кои постојат и денес

На жабите им е сошиена традиционална облека, а испратени се и на меден месец во Манапал.

Иако е многу необична церемонијата, таа во Индија сепак е прилично честа.

Фото: Printscreen/Twitter/Sridhar Vivan, Bangalore Mirror


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments