Вељановски: Оставката на Груевски е доставена во Собрание

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, преку писмено соопштение ја информираше јавноста дека денеска му била доставена оставка на премиерот Никола Груевски.

Оттаму, како претседател на Собранието на Република Македонија, Вељановски во соопштението нагласува дека ќе постапува во согласност со уставните, законските и деловничките права и обврски.

Истовремено, имајќи ги предвид превземените политички обврски на лидерите на најголемите политички партии во Република Македонија согласно договорот од 2 јуни 2015 година и протоколот од 15 јули 2015 година, како претседател на Собранието на Република Македонија ќе го следам исходот од денешните разговори со посредство на меѓународната заедница. Искажувам надеж дека политичките лидери на Република Македонија ќе успеат да ги надминат меѓусебните предизвици, а во функција на натамошен демократски развој на Република Македонија. Верувам дека во периодот што следи ќе биде направен уште еден исчекор во исполнувањето на обврските од постигнатиот договор, а во функција на натамошно стабилизирање на вкупните прилики во државата“, се наведува во соопштението на Вељаноски.