Вељановски ги распиша изборите на 5-ти јуни (фото)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, го потпиша решението зараспишување и организирање на предвремените парламентарни избори на 5-ти јуни.

13043440_10209389420556183_4747214655976144981_n

И покрај тоа што Избирачкиот список не е целосно исчистен, а опозицијата и натаму најавува целосен бојкот и сречување на изборите на 5-ти јуни. Тие ги нарекуваат нелегални и сметаат дека нема фер и демократска атмосфера за нивно одржување.

Заедно со СДСМ голем дел политички структури најавија бојкот на истите. Засега само ВМРО-ДПМНЕ, ГРОМ и ДУИ го најавија своето учество.

За вечерва во центарот на Скопје се закажани масовни протести против оваа одлука, како и одлуката на Иванов за аболиција и помилување на политичарите кои се инволвирани во судски процеси за докажување нивно учество во криминални дејствија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.