Велешанец спречен во обид за криумчарење на 26 економски мигранти

Сподели со своите пријатели

Дваесетгодишниот Т.А. од Велес вчера околу 5 часот наутро на автопатот Неготино – Градско, на наплатната станица „Градско“ е спречен да изврши криумчарење на 26 економски мигранти.

Имено Полициските службеници го запреле товарното моторно возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски таблички на наплатната станица „Градско“. При прегледот на возилото во товарниот дел полицијата открила 26 економски мигранти од кои три лица од Пакистан, три лица од Иран и 20 лица Мароко.

Мигрантите и возачот биле приведени во Полициската станица во Неготино, каде против возачот е поднесена кривична пријава за постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, со која е предаден во ОЈО-Скопје, каде од страна на судија на претходната постапка одредена му е мерка притвор во траење од 8 дена.