Велешанец шверцер на мигранти уапсен на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Во раните утрински часови во текот на вчерашниот ден, приведен е велешанец кој шверцувал мигранти, државјани на Авганистан и Ирак, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Имено во 06.30 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка на м.в. „Нато клучка“ од страна на
полициски службеници сопрено било патничко возило „БМВ“ сопственост на Ф.И. од Скопје, а управувано од Г.С. (44) од Велес.

Од извршениот преглед на возилото пронајдени се двајца мигранти од Авганистан и Ирак.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.