Вегански обувки станаа хит во светот

Сподели со своите пријатели

Заработката на британската компанија за култни обувки „Dr. Martens“ порасна за 70 отсто во првите три месеци на 2019 година и тоа благодарение на големиот успех во одредени дизајни, како „вегански“ асорти на чизми.

Loading...

Интернет продажбата исто така пораснала за две третини на 72,2 милиони фунти, што е 16 отсто од вкупните приходи на компанијата.

– Продажбата на вегански асортни обувки, каде кожата е заменета со синтетички полуеретанска пластика, последните години порасна за стотина проценти, изјавил поранешниот директор на компанијата, Кени Вилсон.

Исто така, веганските чизми сега претставуваат 4 отсто од продажбата на овој бренд.

Останатите успешни производи вклучуваат отстапки од оргиналните чизми како што се сандали, а соработуваат и со брендот „Секс пистолс“ и дизајнерот Марк Џејкобс, како и во изработка на обувки за деца.

Компанијата во 1960 година ја основале германскиот лекар Клаус Мартинс и британскиот индустриец БИл Григс, а подоцна ја презело земејството Григс.

Првобитно, германскиот лекар оваа обувка ја измислил како ортопетска, дополнета со едно воздушно перниче, но тој модел подоцна бил редизајниран во нешто помодерна верзија, која воодушевила широка клиентела во 70те, 80те и 90те години, од англиските полицајци и поанкери, до рок и поп ѕвезди.

Др. Мартенс во 2013 година го откупил европскиот инвестициски фонд Пермира, сопственик на брендовите Хуго Бос и Валентино, за 300 милиони фунти.

Loading...

Leave a Reply