Ведро, но студено

Сподели со своите пријатели

Претежно ведро и студено беше времето во текот на ноќта, а изутринав започа да дува северен ветер, поизразен долж Повардарието.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денешниот ден ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Куманово утринава се разбуди на два степени под нулата, велат од УХРМ.

Според порталот AccuWeather, максимумот денеска во кумановско ќе достигне до 4 степен. Ќе имаме повеќе сонце, комбинирано со облаци. Но затоа ни претстои доста студена ноќ со 8 степени под нулата.

Leave a Reply