Вечерва започнува фестивалот „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Kабаре-претствата „Меѓуигра 0-24“ на босанскиот актер Зијах Соколовиќ вечерва ќе го отвори Меѓународен тетарски фестивал „Денови на комедија – Куманово 2020“.

Loading...

Фестивалот ќе биде отворен вечерва со почеток во 20 часот и ќе трае до 10ти откромври.

Со својот препознатлив стил, Зијах Соколовиќ гледачите ги засмејува до солзи, но на крај сепак останува горкиот квус кога ја сфаќаме пораката дека во лудото темпо на животот сме заборавиле всушност да живееме и можеби е време да сопреме. Секое учество во овој театарски ритуал е катарзично искуство кое ослободува од негативна енергија собрана од животните фрустрации, па не е никакво чудо што каде и да се појави Зијах создава вистински гледачки пратители, лојални, верни, и секогаш спремни на нова театарска авантура, пишува во најавата за претставата.

Поради строгите услови за одржување на културните манифестации, овогодинешната програма е скратена, а само 100 билети беа пуштени во продажба за секоја претстава.

Никола Ивановски

Leave a Reply