Вечерва започнува 65-то издание на Евровизија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

По пауза од една година поради пандемијата на коронавирус, најголемото музичко натпреварување во Европа се враќа на голема врата.

Loading...

Во малку поинакви услови од вообичаено со само 30% публика овогодинешниот град домаќин е Ротердам, Холандија благодарение на Данкан Лоренс кој ја однесе победата за Холандија во 2019 година.

 

 

Оваа година Евровизија ќе биде богата со 39 земји учеснички поделени во 2 полуфинални вечери и финалната вечер каде што место во финалето веќе обезбедија како и секоја година големата петорка односно земјите основачи на овој музички спектакл, Франција, Шпанија, Велика Британија, Италија и Германија, како и земјата домаќин Холандија.

Наш овогодишен претставник е Васил Гарванлиев со песната „Here i stand“ кој ќе настапи во првата полуфинална вечер.

 

Loading...

 

Десетте најдобри песни според публиката и жирито од двете полуфинални вечери ќе обезбедат место во финалето.

Како и секоја година и оваа година се прогнозира кој ќе биде победникот на изборот, а годинава располагаме со многу добри и квалитетни песни па се очекува победникот да биде одлучен во последниот момент. Според обложувалниците и експертите најголеми шанси за победа имаат Италија, Франција и Малта.

Првата полуфинална вечер на изборот за песна на Евровизија е вечерва со почеток во 21.00 часот каде што ќе настапува и Македонија. Втората полуфинална вечер е во четврток на 20 мај, додека големото финале е закажано за 22 мај односно сабота од 21.00 часот.

 

М.Ф

Loading...

Leave a Reply