Вечерва во Скопје ќе се одржи дерби натпревар МЗТ Скопје – КК Куманово

Сподели со своите пријатели

Откако минатата година ги одмерија силите, вечерва во СЦ „Јане Сандански“ кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром и Куманово ќе се сретнат повторно на дерби натпреварот во рамките на 9 – тото коло од домашната лига.

Loading...

Вечерашната средба ќе се одигра без центарот Урош Луковиќ кој пред два дена го напушти кумановскиот тим, а на негово место дојде Ненад Мишановиќ. Триесет и едно годишниот Мишановиќ во Куманово доаѓа од тимот на Треф Сопот, а во својата кариера настапували за екипите на Хемофарм, Црвена Ѕвезда, Динамо Москва, Будуќност, Игокеа, ФМП Железник и ОКК Београди други екипи.

На првиот меѓусебен натпревар одигран во Куманово, домашната екипа забележа минимална победа со 74:72, нанесувајќи му го единствениот пораз на МЗТ Скопје во осумте одиграни натпревари сезонава во домашното првенство.

Според табелата на МКФ, први на листата се Карпош Соколи 17 бодови (9 натпревари), МЗТ Скопје Аеродром 15 (8), Кожув 15 (10), Фени Индустри 14 (9), Работнички 13 (9), Куманово 12 (8), Струмица 10 (8) и Бест 9 (9).

Дерби натпреварот започнува во 18 часот.