Вечерва во МКЦ „Козјак“ започнува Циклус на шпански филм

Сподели со своите пријатели

Во Младинскиот културен центар „Козјак“ вечерва ќе започне циклус на шпански филмови во организација на Шпанската амабасада од Скопје, а во соработка со општина Куманово.

Loading...

Вечерва на програмата на манифестацијата ќе биде филмот „По еден пиштол за секоја рака“ со почеток во 19 часот. Филмот е во режија на Сеск Гај, а претставува драмска комедија која се врти околу осум мажи, сите во своите читириесетти години и сите со криза на идентитет.

Веќе утревечер на репертоарот е филмот „Метод“, каде во чија содржина е Самитот на ММФ и Светската банка и протести кои го вознемируваат Мадрид, како и други главни градови, големата компанија Декиа прави разговори за вработување на извршен директор од седум кандидати. Сомнежите се раѓаат кога кандидатите мораат да потпишат клаузула за прифаќање на Гронхолм метод, за кој никој нема слушнато. Набрзо станува јасно дека текстовите се валкани игри со мозокот, но не знаат со сигурност што е вистина, а што лага. Меѓу нив има и крт од „Човечки ресурси“.

Во петок феситалот ќе заврши со проекција на филмот „Куќето на градинарот“, кој како и сите останати ќе биде емитуван со почеток од 19 часот.

https://www.youtube.com/watch?v=AEa5VnI0xGY