Вечерва се отвора изложба на фотографии “Фото-арт група Ф-7 и пријатели 2010-2015“

Сподели со своите пријатели

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово вечерва во 19:30 часот ќе биде отворена Меѓународна изложба на фотографии “Фото-арт група Ф-7 и пријатели 2010-2015“.

Изложбата содржи 48 фотографии работени во црно бела и колор техника, и ќе биде поставена до 2о јануари 2016 година.

Изложбената поставка го носи епитетот на сериозни авторски остварувања преку авторските објективи. Претставува состав од млади автори и доајени од фотографската фела, што зборува за еден зрел проект, замислен целосно да го оправда своето претставување во Куманово, пред почитувачите кои ја сакаат фотографијата.