Во пресрет на осумгодишнината од последниот концерт на Тоше Проески во Скопје, денес на плоштад Македонија, ќе биде одржан музички хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“.
Како што соопштија од фанклубот на Тоше Проески, целта на ова дружење е сите негови фанови заедно да се присетат на неговата музика и лик, но и да создадат „ѕвездено небо“ во негова чест, водени од максимата на Тоше „За моја среќа, јас и моите обожаватели дишеме како едно”.
Годинава, покрај неговите познати хитови фановите ќе можат да чујат и досега необјавена песна на Тоше.
Над плоштадот Македонија вечерва ќе блесне ѕвездено небо, исто онакво како што на концертите на прерано починатата мега ѕвездата Тоше Проески, го правеа обожавателите и почитувачите на неговото дело.