Вечерва на скопско Кале се отвора ”Пивофест 2015”

Сподели со своите пријатели

Преку 50 пивски брендови на 20 штандови ќе бидат распоредени по скопската тврдина од вечерва до недела, во рамките на осмиот по ред Гурманскиот викенд со пиво – Пиволенд.

Loading...

среда

На фестивалот на пивото, посетителите ќе имаат можност да се напијат разновидни пива, проследено со добра музика како неизбежен дел од петдневното дружење.

Од странските изведувачи ќе настапи Диџејот Марко Настиќ, данската атракција Блендед Бру кои ги освоија симпатиите на македонците на Баскерфест,  како и Лемон Бакет Оркестра, составот кој брои 15 членови и доаѓа од Канада, потоа хрватскиот бенд Бркови, како и македонски изведувачи кои се застапени во најголем број.

Оваа година на фестивалот ќе има три стејџа- главната бина, Бла Бла стејџот за алтернативни бендови и стејџот во Пивница Стар Град под Кале- вкупно ќе има над 100 изведувачи.

Вечерва програмата ја отвара раперот Шинтер како победник на конкурсот за млади изведувачи. По него следуваат Марлон Брандо, Д.Н.О, Тони Зен и Флека, Блендед Бру и за крај дј Марко Настиќ.

Од пиварите пак ветуваат промотивни цени на пивата, речиси сите штандови нудат промоции и пакети со гратис пива.

Организаторите- „Темов“ и град Скопје ве канат да го посетите најпознатиот пивски фестивал и да дегустирате и конзумирате одговорно, а секако доколку го правите тоа да не возите, туку да користите градски јавен превоз и такси.

Loading...