Вечерва на небото ќе видиме редок феномен со полна Месечина (видео)

Сподели со своите пријатели

На денот кога католиците го слават својот Божик, ќе се појави и првата полна божикна Месечина, последен пат забележана на 25 декември во 1977 година.

Полната Месечина или наречена мистерија на студената Месечина, ќе се појави вечерва и ќе свети цела ноќ, од залезот на Сонцето па се` до изгрејсонце.

Овој природен феномен е многу редок, а во народот, полната Месечина на Божик се нарекува “Дабова” или “Студена Месечина”.

Последен пат кога е забележан овој феномен било пред 38 години, а следен пат кога ќе може да се види е за 19 години, односно во 2034 година.

 

Loading...