Вечерва на домашен терен КК Куманово игра против Бест од Гевгелија

Сподели со своите пријатели

По два порази и една победа над шампионот МЗТ во четвртото коло од Првата машка кошаркарска лига за оваа сезона, кошаркарите на Љубисав Луковиќ вечерва на свој терен во спортската сала во Куманово од 19 часот ќе ги пречекаат играчите на Бест од Гевгелија.

Loading...

Победа над овој тим за КК Куманово ќе значи многу затоа што моментално на табелата тимот е на 5-то место со вкупно четири бода. Зад Куманово на табелата остануваат само КК Струмица и КК Бест, додека на самиот врв со шест поени е екипата на Карпош Соколи.