Ве прогонуваат лошите и грдите сеќавања? Научниците на чекор од решение на проблемот засекогаш!

Сподели со своите пријатели

Лошите и грди спомени мачат многумина, а кај некои доведуваат до сериозни нарушувања.

Loading...

Научниците сега се на чекор од знаење дали таквите спомени можат да се променат или дури и целосно да се избришат.

Процедурите што ги користат психијатрите за индиректно активирање на трауматските епизоди кај пациентите може да бидат „прозорец“ низ кој лошите и грдите спомени можат да се променат или дури и целосно да се избришат, покажува научно истражување предводено од истражувачи од Универзитетот во Тексас АМ.

 

 

На пример, од воените ветерани кои страдаат од посттрауматско стресно нарушување (ПТСП) може да биде побарано за време на терапијата да се потсетат на специјалните надворешни стимули, како што се блесоци на светлина или силни звуци, кои се поврзани и ја активираат меморијата на траумата.

Идејата за овој метод е да предизвика меморија без да му се нанесе дополнително страдање на пациентот, со цел да се ублажат реакциите на стравот преку терапиите со изложеност.

Loading...

– Главниот предизвик е дека, кога се вршат слични процедури, меморијата за оригиналната траума не се брише. Секогаш е таму и може повторно да се појави, што предизвикува повторна манифестација на ПТСП и ги тера луѓето повторно да чувствуваат страв – рече Стивен Марен, професор по психологија и неврологија на тој универзитет.

За да ја изменат, па дури и да ја елиминираат трауматската меморија, научниците користеле постапка за условување во која сигналот бил индиректно поврзан со трауматскиот настан.

 

 

Кога истиот сигнал ќе се примени подоцна, тој индиректно ја активира меморијата на настанот и ја зголемува активноста во хипокампусот, делот од мозокот важен за меморијата, велат научниците.

Тие наведуваат дека повторно активирање на трауматската меморија преку изложеност на индиректни предизвикувачи може да ја измени и олесни. Сега тие имаат намера да ја прошират својата студија за да може преку оваа техника целосно да се избрише.

Leave a Reply