Ве мачи несоница? Обидете се со оваа воена техника!

Сподели со своите пријатели

Тим од американски воени лекари смислиле техника како да заспиете во рок од две минути, а според пишувањето на светските медиуми, во 96 отсто од случаите, методата е делотворна.

Loading...

Уште во далечната 1981. година издадена е книгата „Опушти се и победи: Победнички потег“ во која авторот прв пат пишува за метода на спиењето која ја користат американски војници, а за која се смета дека секому може да помогне по шест недели вежбање за запловување во сон за помалку од 120 минути.

Оваа техника е смислена со цел да се реши проблемот на уморните пилоти кои поради ненаспиеност прават кардинални грешки на теренот. Методата вклучува свесно опуштање на мускулите, употреба на техниките за дишење и визуелизација, пишува Дејли мејл.

Првин е потребно да ги опуштите мускулите на лицето, вклучително и мускулите на вилицата, грлото и околу очите. Потоа е потребно да ги спуштите рамениците што пониско и да опуштите првин една, а потоа и другата рака.

Третиот чекор е рамномерното дишење, а потоа опуштете ги градите и на крајот нозете.

Кога телото целосно ќе се опушти, по десет секунди, треба да работите на умот и на тоа дека е неопходно целосно да го исчистите до се.

Експертите предлагаат три методи на визуелизација кои можат да ви помогнат при опуштањето:

– Замислете се дека лежите во чамец на мирно езеро, а над вас се наоѓа бескрајно сино небо.

Loading...

– Замислете како сте во мека, црна лежалка во соба која е потполно темна.

– Обидете се за време на тие десет секунди да не размислувате за ништо.

Leave a Reply