Ве фаќа заразна смеа на погреби? Според психолозите има причина во тоа!

Сподели со своите пријатели

Многумина веќе слушнале за овој „феномен“ – смеење на погреби или сте присуствувале кога некој почнал да се смее и не можел да се контролира… Можеби и вам ви се случило тоа?!

Loading...

Што е проблемот?

Психолозите тврдат дека постои причина и за тоа нема помош.

Погребите се едни од најемотивните и најтажните места што може да ги има една личност. Сепак, некои луѓе можат да добијат хистеричен напад на смеа за време на погребот.

Многумина сметаат дека ваквите реакции се несоодветни или целосно бесчувствителни, но психолозите тврдат дека постои причина за тоа за што тука нема помош.

 

 

Loading...

Одбранбен механизам

– Смеењето може да се дефинира како манична одбрана, како еден вид стратегија за справување со тагата, но на одбранбен начин, со цел да се сврти вниманието од реалната состојба, загубата, ранливоста на луѓето и крајот на животот – објаснува психологот Абигал Сан за британските медиуми.

Може ли да се спречи тој напад на смеење?

– Забележете и препознајте што се случува одвнатре, следете што се случува физиолошки во вас. Дишете, поместете ги прстите на нозете и сконцентрирајте се на вашите стопала. Фокусирајте се на нешто што всушност се случува во тој момент, наместо да дозволите чувствата да ве обземат. Ова не значи дека ги избегнувате своите мисли или чувства, но истовремено го насочувате вниманието кон повеќе работи, што може да ви ја олесни ситуацијата – вели психологот и додава дека ваквите реакции се сосема нормални.

– Иако нема ништо лошо во тие реакции, тие би можеле да го толкуваат тоа однесување како несоодветно, иако станува збор само за начинот на одбранбениот механизам – заклучи д-р Сан.

Leave a Reply