Вчера вакцинирани 9.123 граѓани

Сподели со своите пријатели

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, велат од Министерството за здравство.

Loading...

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 74.076 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 7.963 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.123 граѓани.

Во државата вкупно вакцина и ревакцина примиле 92.253 граѓани.

Со последните бројки 25% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.

– Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид, стои во соопштението на Министерството за здравство.

Министерството апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply