Вчера трета доза вакцина примиле 1.732 лица

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.207 дози вакцини, од кои 1.515 се аплицирани како прва доза, 930 се ревакцинирани, а 1.732 граѓани примиле трета доза вакцина.

Loading...

Заклучно со 16 ноември вкупно се вакцинирани 817.079 граѓани, ревакцинирани се 786.941, а трета доза примиле 58.132 граѓани. 57% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58%, а со две дози опфатени се 48% од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38% од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството за здравство.