Вчера прва доза примиле 700 граѓани

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.379 дози вакцини, од кои 700 се аплицирани како прва доза, 1.585 се ревакцинирани, а 94 граѓани примиле трета доза вакцина.

Loading...

Заклучно со 19 октомври вкупно се вакцинирани 800.103 граѓани, ревакцинирани се 764.953, а трета доза примиле 1.292 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството за здравство.