Важни препораки за граѓаните на Куманово, донесе општинскиот штаб за заштита и спасување

Сподели со своите пријатели

Во просториите на Општина Куманово денеска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

Loading...

На состанокот пристуствуваа претставници на Општински штаб, претставници од институции, организации, јавни претпријатија.

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска на прес конференција рече дека штабот ќе заседава на дневно ниво и е во постојана комуниакција со систе институции и министерства.

Во продолжение сите мерки кои се донесени на денешниот состанок, а за кои информираше Димитриевски.

–              Општина Куманово веќе воведе услуга за асистенција на болни и немоќни граѓани. Овие категории на лица ќе може да се јавуваат на телефоните 075 207 126 и 077 719 494, по што од страна на лица од општината ќе им бидат набавени и доставени бараните производи и лекови а за кои граѓаните сами ќе си ги покријат трошоците.

–              За асистенција на болни и изнемоштени граѓани, на располагање за услуги стои и Меѓуопштински центар за социјална работа. Нивниот дежурен телефон за контакт е 031 438 160.

Loading...

–              Се препорачува на сите Јавни и Приватни здравствени установи, да дадат приоритет на лицата кои се задолжени или волонтираат за помош и асистенција на болни и немоќни граѓани.

–              Се препорачува на повозрасните граѓани да во случај на потреба за добивање на извештаи од специјалист и инсулин, да не мора лично да одат туку може да пратат друго лице да ги подигне истите, во нивно име. Исто така, лицата кои треба да се јават на редовна контрола а се во стабилна состојба, може истата да ја одложат.

–              Се дава препорака на вршителите на јавен градски превоз, како и сите такси компании, да се вршат континуирана дезинфекција на своите возила.

–              Се задолжува ЈП Чистота и зеленило да продолжи со дезинфекција на јавни површини и за истово да го вклучи и ТППЕ Куманово.

–              Се задолжува Општина Куманово да обезбеди 30 соодветни рачни пумпи за вршење на дезинфекција.

–              Се препорачува на сите јавни институции, пред влезовите на своите објекти, да обезбедат средства за подна дезинфекција на обувки, во форма на обложени сунѓери или сл.

–              Се препорачува на управителите на станбените згради, во координација со Центар за Јавно Здравје Куманово, да започнат со дезинфекција на заедничките простории и лифтови на сите станбени згради на територија на Општина Куманово. За истово, ќе бидат информирани преку Сектор за инспекциски надзор при Општина Куманово.

–              Општина Куманово, преку Секторот за образование и Центар за Јавно Здравје Куманово, отпочна со вонредна дезинфекција на објекти на сите основни и средни училишта и истата ќе биде завршена до средина на оваа недела. Исто така, на сите објектите на Градинката „Ангел Шајче“ веќе се направени и редовна и вонредна дезинфекција. Сите објекти од градинките, основните и средите училишта, по дезинфицирање, ќе бидат затворени за неовластени лица.

Loading...

–              Во целост да се почитуваат заклучоците, мерките и препораките од Комисијата за заразни болеси при Министерство за здравсвство и Влада на Република Северна Македонија а повеќе информации во врска со вирусот можат да се најдат на линкот на официјалната веб страница на Министерство за здравство на Република Северна Македонија:  http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

Општински штаб за заштита и спасување и понатаму ќе ја следи состојбата и навремено ќе реагира.

Никола Ивановски

Leave a Reply