Ватикан отвора во Рим прифатен центар за бегалци

Сподели со своите пријатели

Зграда во Рим, што им припаѓа на монахињи, ќе биде претворена во прифатен центар за шеесетина бегалци, соопштија од Ватикан.

Loading...

Полскиот кардинал Конрад Крајевски, кој е задолжен за добротворните активности на папата Франциск и кого италијанскиот печат понекогаш го нарекува папа „Робин Худ“, во соопштение нагласува дека центарот ќе прима жени и деца во првите месеци во Италија по пристигнувањето преку хуманитарни коридори.

Сицилијанските монахињи на „Божествената промисла на Катанија“ ја ставија на папата на располагање бесплатно римската зграда.

Прифатниот центар ќе го води италијанската католичка заедница Сант Егидио, која од 2015 година организира хуманитарни коридори од Сирија, Африка и Грција.

Златко Шумковски

Leave a Reply