Вашингтон и Брисел се „длабоко загрижени“ поради порастот на антисемитизмот

Сподели со своите пријатели

Вашингтон е „длабоко загрижен поради драматичното зголемување на антисемитските инциденти“, рече американскиот специјален претставник за следење и борба против антисемитизмот, Дебора Липстад, додека претставник на ЕУ изјави дека антисемитизмот е „длабоко вграден расизам во европското општество.”

Loading...

„Владите, органите на прогонот и групите на заедницата во Европа, Латинска Америка, Австралија, Јужна Африка, Северна Америка, Русија и на други места пријавија нагло зголемување на антисемитските инциденти, реторика и поттикнувања во последните три недели“, рече Липстад синоќа, пишува Гардијан.

Таа додаде дека Евреи биле малтретирани и нападнати во текот на октомври, но и дека имало хакерски напади на еврејски веб-страници, поврзувајќи ги тие инциденти со конфликтот на Блискиот Исток.

Директорот на Агенцијата за фундаментални права на ЕУ, Мајкл О’Флаерти, денеска изјави дека антисемитизмот е „длабоко вграден расизам во европското општество“ што претставува егзистенцијална закана за еврејската заедница на континентот и основните цели на Европската унија. .

Тој додаде дека загрижува тоа што само една третина од општата популација смета дека антисемитизмот е голем проблем во време кога е очигледно дека „драматичните моменти во општеството предизвикуваат антисемитски одговори“.

Истражувањето спроведено во ЕУ покажа дека расизмот е во пораст и дека околу половина од црнците во земјите-членки доживеале и пријавиле дискриминација.

Во сите сфери на животот, во училиштата, на работа, во домувањето и здравството, луѓето со африканско потекло претрпеа некаков вид на дискриминација, додека најлоши резултати се забележани во Австрија и Германија, каде десничарските партии се во пораст.

Истражувањето на 6.752 лица со африканско потекло во Австрија, Белгија, Данска, Финска, Франција, Германија, Ирска, Италија, Луксембург, Полска, Португалија, Шпанија и Шведска покажа дека 45 отсто доживеале расна дискриминација, во споредба со 39 отсто во 2016 година.

Loading...