Вашата омилена боја открива какви сте во креветот

Сподели со своите пријатели

Дали сте заводници, односно заводнички, или спаѓате во несигурни љубовници?

Loading...

Портокаловата боја е омилена на оние кои сакаат да ги остварат своите сексуални фантазии. Со шепотења на перницата ја потикнуваат фантазијата кај партнерот, а нежноста и предиграта им се многу важни за време на сексот. прилично им е лесно да глумат оргазам.

Сината боја ја сакаат лица за кои се вели дека се мајстори во уметноста за водење љубов. Тие се страствени, уживаат во сексот, сакаат да истражуваат и обично имаат долги врски.

Розовата боја открива заводничка или заводник. Жените кои сакаат розова понекогаш ветуваат повеќе од што планираат да пружат, неретко се незрели и сакаат да задиркуваат. Мажите кои ја сакаат оваа боја се склони кон често менување партнери и со задовослтво би влегле во авантура со непозната жена.

Црвената е дефинитивно боја на љубовта. Симболизира страст, па за оние кои ја сакаат се вели дека уживаат во сексот и физичкиот контакт. Љубителите на оваа боја се склони кон агресивен настап кон спротивниот пол. Доколку и двајцата сте љубители на црвената боја тогаш ќе експериментирате и пробувате нови работи.

Зелената боја ја сакаат оние кои важат за верни партнери, кои во сексот се исполнети со нежности. „Зелените“ жени секој сексуален однос го доживуваат како да е прв, додека мажите се полни со разбирање, подготвени да ја исполнат секоја желба на својата партнерка.

Виолетова преупредува на внимание кога е во прашање страста. Всушност на љубителите на оваа боја сексот понекогаш им претставува губење на време. Додека мажите во сексот пристапуваат како на работа, жените кои ја сакаат оваа боја повеќе размислуваат за тоа дали же им се расипе фризурата, отколку за самиот сексуален чин.

Сивата ја бираат неодлучни и несигурни љубовници. Често им е потребно многу време да донесат одлука и тешко им е да се врзуваат. За нив сексот не е возбудување туку начин да ја задоволат потребата, поради што лошо се сложуваат со партнерите кои имаат некоја друга омилена боја.

Loading...

Црната боја е резервирана за луѓето кои се помалку диви во сексот, а можат да имаат и мазохистички и садистички желби. Сакаат само слични на себе, така да ги избегнуваат оние кои не се во состојба да ги сфатат нивните потреби.

Луѓето на кои белата боја им е омилена љубов водат под покривачиот, навечер, со задушено или без светло. Обожавателите на белата боја можат да имаат бескомпромисни уверувања за тоа што е исправно, а што не. Така можат да прашаат и дали сексуалниот чин е чист или не, што може да ги доведе до блокада и невозможност целосно да се предадат и уживаат.

Ако ја сакате жолтата боја, тоа значи дека често добро го контролирате сексуалниот нагод и во креветот ја препуштате доминантната улога на партнерот. Самите не преземаат иницијатива, но партнерот никогаш не го одбиваат, затоа што им е важно нивното задоволство.

Leave a Reply