Варшава откри што се крие зад посетата на Дуда и другите европски претседатели на Украина

Сподели со своите пријатели

Доставувањето оружје на Украина беше главната цел на посетата на претседателите на Полска, Литванија, Летонија и Естонија на Киев, изјави заменик министерот за надворешни работи на Полска, Павел Јаблонски, на радио станицата РМФ ФМ.

Loading...

Полскиот претседател Анджеј Дуда во средата заедно со колегите од Летонија, Литванија и Естонија го посети Киев, како и селото Бороѓанка во Киевската област.

 

Зеленски одби да го прими германскиот претседател, Германија изненадена и навредена

 

Според Јаблонски, „на истокот на Украина, веројатно ќе има голема тенковска битка во наредните денови, веројатно најголемата тенковска битка во Европа од Втората светска војна“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словачка започна кампања за собирање пари за купување оружје за Украина

– Разговорот со Украина за тоа што и е потребно на земјата за да победи во оваа битка беше главна тема на разговорот на претседателот во Киев – рече тој, истакнувајќи дека на Украина „и треба оружје и поддршка од сојузниците“.

 

Loading...

Еве што рече австрискиот канцелар за неговата средба со Путин

 

Претходно руското Министерство за надворешни работи соопшти дека земјите од НАТО „си играат со оган“ со испорака на оружје за Украина.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во март ги предупреди САДза последиците од пренесувањето оружје во Украина.

Тој изјави дека конвоите со странско оружје ќе станат легитимни цели за вооружените сили на Руската Федерација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полски државјанин уапсен под сомнение дека учествувал во заговор за убиство на Зеленски