Вандали со моторни пили уништуваат дрвја на булевар во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Куманово повторно е цел на вандалски напади. Во доцните вечерни часови на булевар „Октомвриска револуција“ викендов непознати сторители со моторни пили уништувале дрвја кои биле одгледувани повеќе од две децении, информираат од Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“.

Loading...

– Невиден вандализам се случува во Куманово. Според очевидци, ова е втора вечер по ред како непознати лица со моторни пили уништуваат дрвја кои 20 години се одгледуваат. За случајот има поднесено пријава до СВР Куманово. Апелираме до МВР да ги најде виновниците и најстрого да ги санкционира“, изјави директорот на претпријатието, Ненад Стојановски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  70 точки на утрешната седница на Советот на Општина Куманово

 

 

Тој побара од надлежните институции да воспостават 24-часовен мониторинг за заштита на јавниот имот, а до граѓаните упати апел веднаш да пријавуваат доколку забележат било какво девијантно однесување.

Никола Ивановски