Вандали ноќва ја искршиле фонатаната во Соколански парк (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Вандали ноќва нанеле сериозна штета на фонтантата поставена во паркот Соколана во Куманово.

Од Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ најавија дека штетата ќе се санира, а надлежните служби ќе трагаат по сторителите.

 

 

– Станува збор за сериозно нарушување и уништување на јавен имот, што е целосно неприфатливо. Надлежните служби ќе постапат согласно своите овластувања, а екипите ќе пристапат кон санација, информираат од претпријатието.

Оттаму ги повикаа граѓаните да пријавуваат вакви случаи за брза и ефикасна реакција.

 

 

Паркот Соколана беше реконструиран изминатата година, но во минатото постојано беше мета на вандали, а најсериозна штета беше нанесена кога преку ноќ некој ги извади и однесе сите клупи од паркот, нешто за што до ден денес не одговараше никој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тинејџери претепани во центарот на Куманово

Никола Ивановски