ВАМПИРСКИ НАПАД: Патничка започнала да го гуши и гризе вратот на возачот, го спасиле случајни минувачи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Возач на „Убер“ бил нападнат на работното место додека возел такси на 17 април во Флорида.

Loading...

Целиот инцидент е снимен од камерите во внатрешноста на возилото, а на нив се гледа како патничка, 55-годишната медицинска сестра, Мишел Стилвел, ги држи рацете околу вратот и вика „Умри!“.

Возачот на Убер, Мајкл Хеси Jуниор (22), се обидел да и објасни дека не може да дише извикувајќи „Јас сум само возач на Убер!“.

Младиот возач рече дека патничката влегла во возилото и брзо заспала, а кога се разбудила одеднаш го нападнала. Тој го запрел возилото за да избега, но таа продолжила да го дави, а потоа го гризнала за вратот.

Случајни минувачи дошле на помош и го извлекле возачот од автомобилот.

Стилвел е уапсена и обвинета за напад, а во полицискиот извештај се споменува дека била под дејство на алкохол.

„Не бев толку исплашен во целиот мој живот, мислев дека ќе ме убие“, рече Хеси.

Медицинската сестра не памети ништо, ниту инцидентот ниту зошто го нападнала таксистот, изјави подоцна нејзиниот сопруг Роб.

Loading...

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *