Вакцинирајте се и освојте автомобил: Москва отиде чекор понатаму за да ги мотивира граѓаните

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека секој жител на главниот град на Русија, кој ќе ја прими првата доза на вакцина против коронавирусот, ќе може да учествува во наградната игра и да освои автомобил.

Loading...

– Оние кои ќе ја примат првата доза на вакцината од 14 јуни до 11 јули, ќе учествуваат на лотаријата за автомобили. Секоја недела ќе се одржуваат пет лотарии во вредност од околу еден милион рубли (околу 14.000 долари) – рече Собјанин во неделата.

 

 

Тој додаде дека главната награда за оние кои се вакцинирани не е автомобилот, туку нивното здравје и „мирна глава“.

Москва се реши на овој чекор напред со цел да ги мотивира граѓаните што повеќе да примат вакцина, бидејќи има пораст на бројот на нови пациенти во главниот град, а состојбата не е подобра ниту во другите делови на Русија.

 

Loading...

 

 

Leave a Reply