Вака реагира човековото тело кога ќе го „удрат“ 50 илјади волти (видео)

Сподели со своите пријатели

„The Slow Mo Guys”, креатори на популарната научна серија, непрекинато донесуваат различен поглед на светот и секојдневието уште откако на интернет во 2010 го објавија првото видео.

Loading...

Англичаните, Гевин Гри и Даниел Гручи прават за да ги едуцираат своите шест милиони претплатници, објаснувајќи ја физиката со помош на запавни успорени снимки.

Некои од нивните познати филмови во архивата со скоро 120 видеа се „Подводни куршуми“, „Со топка во лице“ и „Еластична гума против лубеница“. Сите нивни видеа се доста магични.

  • Имам чувство дека се може да изгледа добро на успорена снимка. Дури и наједноставните работи стануваат импресивни – вели Гручи.

За нивниот последен експеримент овие момци отпатувале во Ариона, каде го посетиле американското седиште на „ Taser International “, компанијата која произведува електрично оружје. Нивното име стана синоним за електричниот пиштол – тизер.

Фри и Гучи одлучиле да снимат успорено видео за да прикажат како изгледа кога ќе ве погоди електричен пиштол. Пронашле и „доброволец“, Ден Хафен кој им ги набавил камерите, па на него го испробале тизерот.

Видеото е снимено во 28 илјади слики во секнуда и совршено го прикажува моментот во кој електродите погодуваат тело и испуштат 50 илјади волти низ мускулите на волонтерот.