Вака од пилотската кабина изгледа принудното слетување на автопат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Летењето со авион е незаборавно искуство, но носи и бројни ризици.

Loading...

Ова на своја кожа го почувствувал Винсент Фрејзер, кој решил да го изненади својот татко на Денот на таткото со лет во авион.

Фрејзер ја доби својата пилотска дозвола минатата година и до денес има акумулирано нешто помалку од 100 часа лет. Иако нема искуство, менталитетот на војник го научил никогаш да не се откажува.

А најмногу треба да се има смиреност во ситуацијата во која се нашле Фрејзер и неговиот татко.

На височина од 5.000 стапки, моторот на неговиот авион едноставно откажал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто треба да одвоите барем половина час за забава секој ден?

Кога паднаа на само 1.000 стапки, беше јасно дека треба да се обидат да направат маневар за итно слетување, што значеше да најдат соодветна површина што е можно поскоро.

 

Loading...

 

Како и во некои претходни итни слетувања, Фрејзер на крајот одлучи да слета на патот. На автопатот има автомобили среде бел ден, а тој мора безбедно да слета во Aero Commander 100 додека внимава на другите учесници во сообраќајот, како и на каблите за струја помеѓу далноводите.

Интересно, првиот избор на Фрејзер бил мост, но бидејќи бил премногу зафатен, тој решил да слета во реката. Меѓутоа, во последен момент го забележал автопатот и веднаш започнал со фазата на слетување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што значи кога сонуваме некој непознат човек?

Слетувањето помина на најдобар можен начин, без повредени или материјална штета. Три дена подоцна, моторот на авионот бил поправен, па авионот полетал од автопатот и го продолжил летот до блискиот аеродром. Но овој пат полицијата порано го запре сообраќајот на автопатот.

Фрејзер се врати во Флорида со комерцијален лет. „Мислам дека ќе продолжам да пилотирам. Но, сега треба да се одморам од авионот. Среќен сум што сум жив и што никој не е повреден“, заклучил Фрејзер.