Тесла бил еден од најголемите генијалци, но што придонело за тоа? Дали има некои „трикови“ со кои големиот иноватор се обидел да ја зголеми својата продуктивност и дали можеме да ги примениме за да станеме поуспешни?
Никола Тесла е најпознат по неговиот придонес во дизајнирањето на електричниот систем на наизменична струја, но покрај тоа, неговото име стои на околу 300 патенти на различни пронајдоци.
Тесла во текот на животот постојано работел на проекти и често ги реализирал до крај.
За да може мозокот да произведе нови идеи и да се спречи неговото стареење, потребен е тренинг, исто како и мускулите во нашето тело. Ако сакаме да спречиме предвремено влошување на мозочните клетки, важно е да усвоиме одредени навики.
Ова е список на навики благодарение на кои Тесла успеал да биде неприкосновен иноватор, а секој од нас може да ги прифати:
- Добро размислете пред да направите нешто
Никола Тесла често зборувал за тоа како може да ги замисли машините и ретко правел дизајни пред да почне да работи на нивната изградба.
Овој процес на визуелно размислување не е единствен за сите луѓе, но основната идеја е едноставно да се концентрираме на финалниот производ.
За креативно размислување често е потребно да се опуштите и да работите на проблемот во вашата глава.
Во својата автобиографија, Тесла го опишува процесот на следниов начин:
„Мојот метод е различен. Не брзам со конкретна работа. Кога ќе добијам идеја, веднаш почнувам да градам во мојата фантазија. Ја менувам конструкцијата, правам поправки и управувам со машината во мојата глава. За мене тоа не е важно дали тестирам турбина во главата или во работилницата. Забележувам дури и ако не ми оди добро. Нема разлика, а резултатот е ист“, напиша Тесла.
Оваа визуелизација значително придонесува за функцијата на мозокот.
- Одете на прошетка
Познато е дека одењето на кратка прошетка има свои предности кога е креативноста во прашање.
На вакво мислење одел и Тесла, а иако неговите прошетки станале дел од неговото опсесивно компулсивно однесување, тој имал неколку „еурека“ моменти во текот на нив.
Еден од нив му ја донел идејата за наизменична струја: Во 1881 година, Тесла се преселил во Будимпешта, опоравувајќи се од нервен слом и додека шетал со пријател во паркот и рецитирал поезија, одеднаш му се појавила идеја за наизменична струја.
- Работете сами на проблемите
Како и многу иноватори и креативни ликови, Тесла тврдел дека треба да се биде сам за време на создавањето и размислувањето.
Еве еден од неговите познати цитати:
„Умот е поостар и поконцентриран во самотија и непрекината осаменост. Не е потребна голема лабораторија за размислување. Оригиналноста доаѓа од осаменоста ослободена од влијанието што му штети на нашиот креативен ум. Бидете сами, тоа е тајната на пронаоѓачот, бидете сами, тогаш идеите се родени“, тврдел Тесла.