ВАКА ИЗГЛЕДААТ ЗАТВОРИТЕ ШИРУМ СВЕТОТ: Во едни спијат едни врз други, а некаде се луксузираат (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Затворите и затворските ќелии се разликуваат од држава до држава. Додека оние кои направат прекршоци во Холандија или Шведска имаат „среќа“ да бидат затворени сами, во ќелии кои наликуваат на хотел, оние со помала среќа ќе бидат во ќелија без кревети и основни услови за живот.

Додека затворениците во одредени држави имаат можност да завршат училиште или занает, некои бидат фрлени во ќелиите без вода и струја. Така на пример, оние кои ќе направат злочин во Салвадор сместенсе во мала ќелија со триесетина луѓе. Иако таму би требало да останат само 72 часа, се случува некои да останат и година дена. Тие од облека прават лежалки за да можат да спијат. Во држави, како Шкотска и Норвешка, затворениците имаат пристап до компјутер и интернет.

ВО НАЈЛОШИОТ АМЕРИКАНСКИ ЗАТВОР: Тука човек зажали за воздухот што го дише (видео)

Loading...

Куезон градски затвор, Манила, Филипини

Внатрешноста на овој затвор константно е борба за простор, храна и вода во нехигиенски услови. Додека во ќелиите направени за 20 луѓе престоват од 160 до 200 затвореници, тие се приморани да спијат едни врз други, на пад, на скали, во лежалки направени од ќебиња.

 

 

Абашири, Јапонија

Во овој затвор стражарите ги проверуваат собите еднаш дневно. Во него се наоѓаат починители осудени на осум или помалку години. Животот внатре е многу строг и нема записи за насилство, дрога, силување или убиства. На влезот во затворот се наоѓа сувенирница во која се продаваат предмети кои ги прават затворениците.

 

 

Скиен, Осло, Норвешка

Во овој затвор затворениците имаат приватна бања, ТВ, видео игри и прастап до теретана и двор. Масовниот убиец Андреас Брејвик служи казна од 21 година затвор токму тука. Иако се обидел да ја тужи давата поради „сурови услови“ во 2016. година, зторскиот живот на овој човек е луксуз за поголем дел од луѓето. Неговата ќелија има три соби една за живот, една за учење, а една за вежбање. Тој има ТВ, компјутер без пристап до интернет конзола за игра. Има можност сам да направи храна и да пере алишта.

 

Loading...

 

Муала затвор, Малави

Овој затвор е сериозно преоптеретен. Во текот на 2015. година скоро 200 луѓе имало во ќелија направена за 60. Затворениците, од кои најмногу мигранти од Етиопија, мора да делат еден тоалет на 120 лица една чешма за дури 900 затвореници. Имаат само еден оброк дневно. Единствена „светла точка“ е што на мажите им е дозволено да играат фудбал, а на жените кошарка.

 

 

Сан Мигел, Ел Салвадор

Во многу тесни ќелии се наоѓаат по 30 луѓе. Иако во нив треба да минуваат најмногу 72 часа, некои остануваат и година дена.  Поголемиот дел од времето го минуваат така што прават лежалки од облека, па потоа спијат едни под дрги, како на гранки дрвја.

 

 

Loading...

Ономичи затвор, Јапонија

Повозрасните затвореници стануваат се почести во Јапонија, откако земјата се повеќе старее. Тие се сместуваат во овој затвор, а времето го минуваат учејќи да плетат и шијат.

 

 

Затвор Норгерхавен, Холандија

Затворениците тука имаат кревет, мебел, фрижидер, ТВ и бања во своте ќелии. Стапкат ана криминал во оваа земја е толку ниска, што нивните затвори биле постојано прани. Поради тоа склучиле договор со Норвешка во 2015. година да преземат дел од нивните затвореници, па така дле од Норвежаните служат казна во овој затвор.

 

 

Женски звор, Богота, Колумбија

Ќелите се направени за двајца затвореници, но во нив обично има од 10 до 20 жени. Корупцијата и насилството се присутни во голема мера. И покрај тешките услови, затворот се обидува да ги хуманизира затворенции со одржување на натпревари за убавина и парада.

 

Loading...

 

Лузиа затвор, Уганда

На затвореницитеим се доделуват се повеќе одговорности по примерот на затворите во Велика Британија и САД. Осудениците тука се задолжени за одржување хармонија и функционалности во кои живеат, вклучувајќи одлгедување храна, нејзина подготовка и дистрибуција во затворот. Се потикнува учењето, па затворениците своите вештини ги пренесуваат на другите.

Leave a Reply