Вака изгледа капсулата на Безос во која првите туристи одат во вселената (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Американскиот милијардер Џеф Безос и неговиот брат одат на патување во вселената на 20 јули оваа година во капсула направена од неговата компанија „Blue Origin“, а на нив ќе им се придружи и непознато лице кое купило билет за дури 28 милиони долари на аукцијата.

Loading...

Американскиот милијардер Џеф Безос, основач на „Амазон“ и сопственик на вселенската организација „Blue Origin“, патуваат во вселената на 20 јули од Тексас, во капсула дизајнирана од неговата компанија, а ќе бидат придружувани од лице кое лицитираше на аукција овој викенд и плати неверојатни 28 милиони долари.

Безос не сакаше да открие која е таа личност, но медиумите во САД веќе многу шпекулираат за тоа кој би можел да биде и кој всушност се осмелил да го направи патувањето на кое патува Безос со сопствениот брат.

 

 

Тој, имено, на својот Инстаграм минатата недела објави дека уште од детството сонувал дека еден ден ќе патува во вселената и дека сега е во можност тоа да го исполни за себе со личноста на која и верува најмногу.

Патем, првите туристи во вселената одат на сопствен ризик, пишува „Волстрит журнал“, наведувајќи дека нивните животи ќе зависат целосно од компанијата на Безос.

Loading...

Имено, вселенското летало „Њу Шепард“ не доби право да биде заштитено со регулативи што важат, на пример, за НАСА, па затоа нема поддршка од организации од САД поврзани со безбедноста на летање.

„Секој патува на сопствен ризик и потпишува договори што им овозможува да ја тужат компанијата на Безос доколку се случи несреќа“, пишува Волстрит журнал.

 

 

Инаку, ракетата „Њу Шепард“ треба да биде лансирана на 20 јули во Тексас. Станува збор за целосно автоматизирана капсула која може да превезува до шест патници, од кои секој ќе има свој голем прозорец.

Неговото прво лансирање ќе означи пресвртница во напорите на американските компании да започнат нова ера на приватни комерцијални летови во вселената.

Патем, компанијата „Blue Origin“ постои од 2000 година и досега изведе неколку успешни лансирања во вселената, но без екипаж.

Loading...

Да потсетиме, богатството на Безос се проценува на 193,4 милијарди долари, што веќе некое време ги зазема највисоките позиции на списоците на најбогатите луѓе во светот. Тој има 51 година.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Bezos (@jeffbezos)

Leave a Reply